Здраво пријателе, добро те најдов! Ти благодарам за препораките и во претстојниов период ќе ги изгледам. Навистина ли може да се пишува на македонски на форумов? Пред да ја напишам објавава ги проверив правилата и никаде не видов забелешки за јазици. Јас бугарскиот го разбирам во целост, а во говор умешен сум и да се прилагодам на акцентот/удирането , но тешко ми е да сум прецизен при изборот на зборови. Па оттаму бидејќи ми е глупаво да користам гуглтранслејтови или чатџипитиевци, а сметав и дека е не коректно да пишувам директно на македонски ја напишав објавава на македонски со мали прилагодби кон бугарскиот правопис и азбука, па компромисното решение излезе нешто како Марко Цепенков. 😆 Поздрав! Ви благодарам на сите, когато ще изгледам некой пристоен брой от препораките ще оставам и по неколку думи мисленъe. Се читаме!