Премини към съдържанието

Marski

Потребител
  • Публикации

    5
  • Регистрация

  • Последно онлайн

Харесвания

0 Неутрална репутация

Всичко за Marski

  • Титла
    Новобранец

Информация

  • Пол
    Мъж
  1. Македонския въпрос- актуален и днес

    Да, не се сеќавав, но твојот пост ме потсети на учебниците по историја во средно. Тоа го пишуваше таму, но не влеваше во подробности за бугарско-византиските односи, а нема ни јас, оти не сум ни стручен, а и нема врска со темата. Но што се однесува во врска со оваа твоја изјава "Мисля че много изсмукана е тази работа с македонската нация и то все от времето на Тито.", за тоа веќе дадов одговор во некој од горните постови. Ти кажав, а и нема зошто да те лажам дека барем 4 генерации назад (до каде што можам да ја следам семејната линија), моето семејство се нарекува исклучиво македонско. Прадедо ми се родил на почетокот на 20 век, а неговиот татко најверојатно 20-тина години порано, значи во 1880-тите. Тогаш Тито не бил ни роден, а не пак да води држава и "измислува" нации. Пред да речеш дека дедо ми ме лажел затоа што бил комунист, може да ти кажам дека двајца од неговите браќа биле затворени од комунистите - едниот затоа што бил ВМРО-ец и верувал во независна Македонија лежал 10 години во затвор. Еднаш кога бил помеѓу затворски казни, Тито требало да доаѓа во неговиот град, и плашејќи се дека може да има инциденти, комунистите го собрале него и истомислениците, ги качиле со камион на планина и ги држеле таму 2 дена. Другиот брат го уапсиле затоа што наводно ги ископал очите на некоја слика на Тито, го ставиле во затвор каде што и умрел от туберкулоза после 2-3 години. Како капак на се, мојот дедо морал да го смени и презимето затоа што се водело досие за семејството, а презимето било специфично и упадливо. Значи, немој да мислиш дека јас ги штитам комунистите. Се ова што ти го кажав е жива вистина, сакал ти да веруваш или не.
  2. Македонския въпрос- актуален и днес

    Добро, благодарам за лекцијата по историја. Па да, и ние го учевме, со исклучок на тоа што каде што ти викаш бугарско наречје, ние викаме старо-словенско или црковно-словенско наречје (или јазик) - под што го подразбираме говорот на словенските племиња околу Солун. Тие племиња се едни од 12-те коишто ги спомнав горе (не ми текнува кои точно беа), и единствената разлика е што вие тврдите дека тие имале бугарска свест. Во се друго се согласуваме. Во учебниците по историја пишуваше дека кирилицата ја создал Св. Кирил Охридски по наредба на бугарскиот цар, а со цел писмото да се приближи кон грчкото и римското. Како што велиш, тоа најверојатно било под влијание на византиската црква.
  3. Македонския въпрос- актуален и днес

    Е, дојдовме до интересна тема. Повеќе пати имам прочитано дека ние ви ја узурпираме вашата историја. Вие тврдите дека си го присвојуваме Св. Климент Охридски и дека тој не е наш, туку ваш просветител. Ајде да го тргнеме настрана фактот дека тој живеел во Охрид...пак останува овој парадокс: Вие велите дека сме Бугари, велите дека Св. Климент Охридски бил Бугарин, и на сето тоа велите дека ние го крадеме од вас. Па нели е тоа парадоксално? Ако сме ние Бугари (како што велите), како можеме да ја крадеме бугарската историја? Нели е во тој случај таа и наша историја? Ако прашаш друг можеби ќе добиеш поинаков одговор, но јас сметам дека во 9 век на територијата на Македонија не може да се зборува за македонска нација. Во тоа време поврзаноста со античките Македонци била само територијална (и само во мал процент крвна поради нивната асимилација). Во никој случај не можеме да говориме ниту за бугарска нација на македонско тло, затоа што е многу јасно дека во тој период уште постоеле словенските племиња. Имало 12 словенски племиња на македонско тло - Брсјаци, Струмјани, Мијаци и тн. Од нив едно племе (Мијаците) до ден-денес си го чуваат племенскиот идентитет. Кога тие успеале да го задржат тој идентитет до денес, тогаш е сигурно дека во 9 век тој бил најголемата движечка сила и дека не постоела нација во современата смисла на зборот, туку група на блиски и сродни племиња, кои иако било обединети, сепак се ословувале племенски. Ситуацијата во Бугарија била различна. И овде постоеле словенски племиња (сродни на тие од Македонија), но тие биле прво освоени, а потоа и обединети од прото-Бугарите. Значи, во Бугарија имале и некој вид на над-племенска свест, иако ниту овде не можеме да зборуваме за нација во современата смисла на зборот. Меѓутоа, прото-Бугарите никогаш не се населиле во Македонија (освен во некои изолирани области како Куманово и некои места во Егејска Македонија). Значи, иако не можеме да зборуваме за македонска, исто така не можеме да зборуваме ниту за бугарска свест кај Словените од Македонија. Нивната свест крвно била словенско-племенска, а територијално македонска. П.С. - Не знам зошто го викаш Наум Преславски, ние и двајцата ги викаме Охридски, а тоа е и соодветно со оглед на тоа што живееле и работеле во Охрид.
  4. Македонския въпрос- актуален и днес

    Јас мислев дека црквата ја платила, ама ако е навистина тоа некој цар, тогаш е некој бугарски цар, затоа што во 9 век територијата на Македонија била дел од Бугарија. Тоа не е ништо спорно. @Гридим - извини ако те навредив со нешто, ама сметам дека немаше ништо зајадливо во моите коментари. Од друга страна пак, коментарот на Шевката е зајадлив за секој Македонец. Таа во исто време вели дека и е смачено од македонскиот национализам и дека Македонија е дел од Бугарија. Прости ми, ама Македонија е суверена држава и таквите коментари ги сметаме како напад на суверенитетот. Проблемот е што многу Македонци, посебно од Скопје, ги знаат Бугарите само преку интернет форуми и од тоа што го чуле на вести. Значи секој пат кога ќе чујат изјава од некој Бугарин, тоа е како е Македонија бугарска земја или закана од бугарските власти дека подршката за НАТО и за ЕУ ќе биде кондиционална и некои слични зајадливи коментари. Нормална реакција е во таков случај и тие да одговаррат зајадливо и со навреди. Наместо да се зборуваат такви работи преку интернет, најдобро ќе биде ова лето повеќе Бугари да дојдат на одмор во Македонија и да створат пријатели. Само така ќе се воспостави доверба.
  5. Македонския въпрос- актуален и днес

    За ракија и за шопска салата секогаш сум расположен. А за историјата на Балканот често е многу тешко да се одделат митовите од вистината, па дури кога се во прашање и странските автори (и тие често се компромитирани и наклонети кон една или друга страна). Некои работи се лесни - на пример тие глупости што ги слушам на телевизија во последно време дека античките Македонци говореле ист јазик како и ние... Такви глупости немаше така да поминат пред 10 години, ама сега ситуацијата се смени и ова е природна реакција на притисокот на Грција... За други работи е малку потешко. На пример, повеќето Бугари се убедени дека македонскиот народ е "Титова креација". А што ако кажам дека моето семејство од страната на мајка ми потекнува од Пиринска Македонија и дека дедо ми и баба ми се пораснале како деца таму и се преселиле тука за време на 2-та светска војна и дека и покрај тоа секогаш се сметале за Македонци, а не Бугари. Уште имам роднини во Благоевград и на други места во Бугарија и некои од нив се сметаат за Бугари, а некои исклучиво за Македонци. Имам зборувано со мојот дедо за ова и тој велеше дека и неговиот татко се сметал исклучиво за Македонец, а претпоставувам дека така било и со неговиот дедо. Значи, до каде што можам да си ја следам семејната линија (4 генерации назад) тоа е така. Ама тоа не е важно. Дури и Мисирков, таткото на македонизмот, говорил дека кога е во Софија е меѓу браќа. Мислам дека сме на прав пат, но треба да мине уште многу време додека сите Македонци (па и Бугарите) сфатат дека ние сме најблиски народи и дека треба да бидеме и најблиски држави. Само не треба да се паѓа на провокации од двете страни.
  • Разглеждащи в момента   0 потребители

    Няма регистрирани потребители разглеждащи тази страница.

×

Информация

Този сайт използва бисквитки (cookies), за най-доброто потребителско изживяване. С използването му, вие приемате нашите Условия за ползване.